Карзаи бара одговорност од Талибанците за крвопролевањата

Претседателот на Авганистан побара одговорност од Талибанците за нападите во кој беа убиени и повредени голем број луѓе во последните неколку недели. Во писмената изјава што ја објави претседателската палата се наведува дека Карзаи оценил дека нападите се акт на тероризам и на масовни убувања.Според него талибанците се толку очајни што не може да прават ништо друго освен да убиваат цивили, жени и деца. Карзаи наведува дека тоа покажува оти талибанците немаат што да понудат освен убивања и деструкција. Вчера во самоубиствен бомбашки напад во Кандахар загинаа шест лица,а 20 беа повредени.