Воздржани реакции по одлуката на Обама за Сирија

Зесега има малку меѓународни реакции по одлуката на американскиот претседател Барак Обама да побара од Конгресот авторизација за преземање на воена акција протв режимот на сирискиот претседател Башар Ал Асад. Јапонскиот премиер Шинзо Абе изајви дека влaдата ќе ја следи дебатата во Конгресот внимателно.
Претседателот на Венецуела Никола Мадуро го критикуваше Обама вчера поради заобиколувањето на Обединетите нации.
Во Москва, Алексеј Пушков, претставникот на Комитетот за меѓународни односи во Думата, објави на Твитер дека Обама бара Конгресот да ја одобри легитимноста за воената интeрвенција.
Сирискиот премиер Ваел ал Халки изјави дека сириската армија е целосно подготвена да одговори на било каква акција од САД.