Ирак – демонстрации против пензиите на пратениците

Стотици лица демонстрираа во Багдад и во други ирачки градови против високите пензии што ги добиваат пратениците.Во Ирак постои големо незадоволство меѓу народот во врска со месечните примања кои изнесуваат илјадници долари и бенифициите што ги добиваат пратениците во ирачкиот Парламент , додека во земјата многу луѓе не може да најдат работа. Полицијата во Багдад ги затвори мостовите што ги поврзуваат двата дела на градот. Безбедносните сили исто така ги спречија новинарите да ги следат демонстрациите. Протести имаше и во Басра Насирија и Хилах.