Мандела сеуште во болница,критично,но стабилно.

Поранешниот јужноафрикански претседател Нелсон Мандела останува во болница каде што се наоѓа под медицински надзор поради белодробна инфекција. Во официјалното соопштението се наведува дека изјавите на некои медиуми дека 95 годишниот Мандела ја напуштил болницата во Преторија и е во сопствениот дом се неточни. Како што стои во соопштението состојбата на Мандела останува критична но неговата кондиција е стабилна. Мандела беше примен во болница на 8 ми јули годинава, поради белодробна инфекција,којашто е последица на 27 те години поминати во затвор.