Пакистан - американско летало извршило напад?


Најмалку три лица загинале во напад за кој пакистанските власти се сомневаат дека е извршен од американско летало во пакистанскиот регион долж границата со Авганистан. Локални официјални претставници сопштија дека леталото истрелало ракети во областа Северен Вазиристан, кадешто се засолнуваат милитантите кои се поврзани со Ал Каеда. Идентитетот на убиените засега не е познат. Пакистанската влада често реагира поради воздушните напади, наведувајќи дека во нив страдаат цивили.