Само во Скопје регистрирани 865 случаи на предозираност

Да се подигне свеста за предозирање и да се намали стигмата поврзана со смртноста поради употреба на дроги, особено за ужалените поради загубата на член од семејството или пријател. Ова е пораката упатена по повод 31 август, Меѓународниот ден за подигнување на свеста за предозирање од дроги.Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје соопшти дека според последниот извештај на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал од 2013 година, глобално меѓу 102.000 и 247.000 луѓе умреле од предозирање во 2011 година. Само во Скопје, Службата за Итна медицинска помош и домашна посета при Здравствен дом-Скопје и Клиниката за токсикологија во периодот од 2009 до 2012 година имале 865 интервенции при случаи на опијатно предозирање, посочуваат од ХОПС.