Шестмина загинати во немирите во Египет

Најмалку шест лица загина а десетици се повредени за време на демонстрациите во Египет. До крвопролевањето дојде додека неколку илјади луѓе вчера протестираа на улиците на Каиро и во други египетски градови поради соборувањето на претседателот Мухамед Морси.Безбедносните сили застрелаа стотици лиѓе во немирите кои уследија по отстранувањето на Морси од власт на 3. јули .Безбедносните сили исто така приведоа голем број од лидерите на Муслиманското братство, движењето што го подржува Морси.