Петмина обвинети за нападите врз џамии во Либан

Триполи, 23.08.2013.

Пет лица денеска биле обвинети за бомбашките напади врз две џамии во северниот либански град Триполи во кои во минатата недела загинаа 47 луѓе. Меѓу осомничените биле и еден сиријски капетан, како и сунитски свештеник. Другите тројца имале врска со Движењето за исламско обединување, сунитска организација која има добри однсои со милитантниот Хезболах и со сиријскиот режим на претседателот Башар ал Асад.