Груевски: Владата преговара за нови 100 милиони евра од ЕИБ

премиерот Никола Груевски

Од последната четврта транша на кредитната линија од сто милиони евра од Европската инвестициска банка досега се искористени 71 милион евра, во тек на повлекување се осум милиони евра, а дваесетина милиони се очекува да бидат искористени до крајот на годината. Ова денеска го изјави премиерот Никола Груевски, најавувајќи дека Владата веќе ги финализира разговорите и за повелкување нова линија од 100 милиони евра од ЕИБ. Тој оцени дека намалувањето на јавниот долг на државата е добар показател во услови на светска економска криза. Јавниот долг заклучно со 31 јули годинава бележи намалување и според Министерството за финансии изнесува 33,6 проценти од БДП. „Процентот од околу 34 отсто е нешто што е петто место во Европа, а тоа е добро“, изјави премиерот Груевски.