„Катимерини“ - за инцидентите со македонските граѓани

Иако македонските граѓани секојдневно се жалат до грчката дипломатска мисија дека при преминувањето на македонско-грчката граница се подложени на контрола од страна на „надуени типови“ од Златна зора, грчката полиција досега нема уапсено никого.
Ова денеска го пишува новинарот Ставрос Цима во колумна за весникот „Катимерини“, посветена на „нестабилните односи на Грција со соседните земји“ и за инцидентите кои се случуваат на грчките граници.

Тој пишува дека членовите на неофашистичката партија насилно ги отстрануваат регистарските таблички од македонските автомобили кои имаат македонска ознака и кршат шофершајбни.

„Насилниците во црна облека не поставуваат блокади само на границата. Тие со истата намера се појавија и во внатрешноста, во одмаралиштата на Халкидики и Пиерија. Тажно е што и покрај жалбите досега никој не е упасен од страна на грчката полиција. Владата мора да се справи со овој феномен во зародиш, пред да се впуштиме во опасни авантури со своите соседи“,

се вели во коментарот објавен во „Катимерини