Турција: Меџлисот треба да решава за воена операција во Сирија

Турската влада синоќа, според телевизијата Си-Ен-Ен Турк, констатирала дека за учество во меѓународна воена операција во Сирија треба да решава Парламентот, бидејќи повеќе не станува збор за обезбедување на границите на Турција, туку за воени дејствија надвор од турска територија, дури и доколку земјата учествува само со логистичка поддршка.
На седницата е разгледано и прашањето за зголемување на безбедноста на границата со Сирија, како и за можноста за создавање тампон зона.