Убиен локален гувернер во Авганистан

Кундуз

Во самоубиствен бомбашки напад е убиен Сајед Сандурин гувернерот на областа Даши Арчи, соопштија властите на авганистанската провинција Кундуз.
Бомбашот го активирал експлозивот при погребна церемонија на племенски водач во џамија.
Полициски преставници за РСЕ изјави дека при тоа се убиени 6, а ранети 12 луѓе. Засега никој не ја презеде одговорноста.
Во таа област се чести нападаите на талибанците врз владини преставници.