Британскиот парламент е против воена интервенција во Сирија

Не помина предлогот на британската влада за воена интервенција во Сирија. Пратениците гласаа со 285 гласа против и 272 за, со што предлогот не ја доби потребната подршка. Премиерот Дејвид Камерон изјави дека јасен е ставот на пратениците против воена интервенција во Сирија. Тој додаде дека нема да постапува спротивно на желбите на парламентот. Камерон ги подржуваше иницијативите за странска интервенција во земјата по обвинувањето дека лојалистите на сиријскиот пртетседател Башар ал Асад употребувале хемиско оружје во борбата против бунтовниците. Светските сили претходно не успеаа да се договорат околу справувањето со кризата во Сирија.