САД продолжуваат со потрагата по сојузници за интервенција во Сирија

Американскиот државен секретар за одбрана Чак Хејгел изјави дека Соединетите американски држави продолжуваат со напорите за формирање на меѓународна коалиција за можни странски воени напади во Сирија. Хеjгел ја даде изјавата по одлуката на Британскиот парламент кој не ја подржа ваквата иницијатива. Хејгел рече дека Вашингтон бара коалициски партнери за разјаснување на минатонеделниот напад во кој наводно се употребувало хемиско оружје против бунтовниците во Сирија.