Обама ќе се сретне со лидерите на балтичките земји

Американскиот претседател Барак Обама ќе се сретне со лидерите од балтичките држави во Белата куќа. Американскиот претседател ќе биде домаќин на средба со неговите колеги од Естонија, Литванија и Латвија. Од Белата куќа соопштија дека на состанокот ќе се разговара за значајната трансформација на балтичките земји од нивната независност до денес. Теми на дискусија ќе бидат и регионалната соработка, енергетиката, одбраната и трговијата.