Камерoн: нема 100% сигурност дека режимот е зад хемискиот напад во Сирија

Британскиот Премиер Дејвид Камерoн денеска пред пратениците на Британскиот Парламент изјави дека нема 100 процентна сигурност за тоа кој е одговорен за хемискиот напад во Сирија.
Камерoн, сепак, изјави дека е убеден дека зад нападот во близна на Дамаск, во кој загинаа стотици луѓе, стои режимот на Башар ал Асад. Британскиот Парламент треба да гласа за подршка на воена акција во Сирија.
Таква акција, спопред Камeрoн, би била одговор на воен криминал. Сепак, британскиот премиер порача дека Лондон не би започнал воена акција против Сирија доколку има силно противење во Советот за Безбедност на ОН.
Како што е познато, членките Русија и Кина се противат на воена интервенција против Сирија.