Волерс: усвојувањето на извештајот 24/12 е чекор напред кон ЕУ

Усвојувањето на извештајот за 24 декември е чекор напред кон ЕУ, оцени амбасадорот на САД Пол Волерс.
Одговорајќи на новинарски прашања по денешната посетата на општина Желино, Волерс нагласи дека постојат и други прашања што треба да се решат, но ова е навистина добар чекор напред.
„Иако САД не е членка на ЕУ, ова е многу значајно за натамошен прогрес кон Унијата. Постојат и други прашања што треба да се решат како Законот за медиуми и Избирачкиот список кои се посочени како важни од страна на ЕУ. Работата продолжува , постојано има нови проблеми и теми кои на долг рок треба да се решаваат и ќе видиме како работите ќе се одвиваат во октомври, ноември и во иднина но ова беше навистина добар чекор напред“, рече Волерс.