Велика Британија распореди шест воени авиони на Кипар

Кипар - мировник на ОН на линијата на разграничување

Велика Британија распореди шест ловци Тајфун во Акротири на Кипар, за заштита на британските воени бази на островот, објави британското министерство за одбрана, јави ДПА.
Авионите не се испратени за да учествуваат во воена акција против Сирија, туку како мерка на претпазливост во време на зголемени тензии во регионот, наведува министерството.
Велика Британија задржа две воени бази на островот, откако Кипар стекна независност во 1960 година.
Традиционално базите се користат за поддршка на операциите во регионот, но не и за борбени дејствија.
Акротири во 2011 година имаше улога на команден центар за координација на меѓународната воена операција во Либија.