Пожар во централна Грција, десетици лица во болница

Десетици лица се хоспитализирани, додека станбени и деловни објекти се зафатени од пожарот, кој од вчера беснее во реонот Ламија, во централна Грција. Полициски единици се распоредени околу две села во регионот и вршат оценка на ситуацијата пред евентуална одлука за евакуација на населението. Жителите на селата ги напуштиле своите домови.