САД бара од Иран ослободување на тројца Американци

САД повторно упати апел до Иран да им помогне на тројца Американци да се вратат кај своите семејства по долгиот притвор што го поминаа во ирански затвор. Во писментото соопштение на Стејт Департментот е наведено дека САД со почит бара помош од новиот претседател Хасан Рохани, кој се гледа како поумерен во однос на неговиот претходник. Станува збор за Роберт Левисон кој исчезна во Иран во март 2007-мата година, потоа за Амир Хекмати кој што е поранешен маринец и е притворен од 2011 година и Саед абедини кој во 2012 година е затворен поради наводно верски убедувања.