Уапсен осомничен за петкратното убиство кај Смилковско езеро

Првоосомничени за петкратното убиство

Полицијата уапси уште еден осомничен за минатоигодишното петкратно убиство кај Смилковското Езеро. Министерството за внатрешни работи соопшти дека осомничениот бил приведен при обид да излезе од Македонија на граничниот премин Блаце. На уапсениот му е изречен притвор од 30 дена. За убиството кај Смилковското Езеро, во Кривичниот суд во Скопје е почнат процес против шест обвинети лица. Двајца осомничени се приведени од страна на косовските власти и се во притвор во косовските затвори и се чека на нивна екстрадиција. Петкраткратното убиство се случи лани на Велики четврток на брегот на Смилковското Езеро. Беа убиени четворица млади жители на Бутел и Радишани и риболовец од соседното село Црешево.