Франција го отфрли барањето за израчување на Томовиќ

Франција денеска го отфрли барањето на Швајцарија за израчување на Зоран Томовиќ, осмничен дека е член на криминалната група Пинк Пантер, кој неодамна беше уапсен на југот на таа земја. Судот образложи дека тој во време на извршувањето на кривичните дела, главно кражби на накит, пред две години имал француско државјанство. Судот за 25 септември го одложи разгледувањето на барањето на Македонија за израчување на Томовиќ поради убиство извршено во 1993 година. Томовиќ е роден во Црна Гора, но има француско и македонско државјанство. Криминалната банда Пинк Пантер има над 200 членови од земјите на поранешна Југославија и е позната по кражби на луксузен накит по цел свет.