За акција во Сирија, Британија ќе бара подршка од ОН

Велика Британија ќе бара подршка од Советот за безбедност на Обединетите Нации за превземање на сите неопходни мерки за заштита на цивилите во Сирија, соопшти британскиот премиер Дејвид Камерон преку Твитер. Тој најави дека денеска Британија ќе му ја достави резолуцијата на Советот за безбедност. Во меѓувреме, во Хаг, генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун, изјави дека на истражниот тим на светската организација, кој ги испитува наводите за употреба на хемиско оружје во Сирија, треба да им се даде време да ја завршат работата.