Подружници на Ал Каеда се закануваат со акции против сиријскиот режим

"Вулкан од одмазда" против сиријската влада најавуваат неколку терористички организации, поврзани со Ал Каеда, јавуваат агенциите. Во соопштението, датирано на 26-ти овој месец, се вели дека ќе бидат превземени одмазнички акции против сиријскиот режим поради серијата масакри, вклучувајки го хемискиот напад.