Разговорите Тачи Дачиќ без договор,но со напредок


Петнаесетата рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина во вторникот заврши без конкретен договор за телекомуникациите ,енергетиката и изгледот на гласачките ливчиња за локалните избори на Косово, но сепак според зборовите на учесниците остварен е напредок.Премиерот на Србија Ивица Дачик, по разговорите во Брисел со косовскот премиер Хашим Тачи и високата претставничка на ЕУ Кетрин Ештон,изјави дека околу телекомуникациите речиси се е усогласено,но поголем проблем останува околу енергетиката,додека за одбележувањето на ливчињата за ноемвриските избори е нужна рационана одлука.
Високата претствничка на ЕУ Кетрин Ештон соопшти дека премиерите на Србија и на Косово ја повториле посветеноста за успешно спроведување на локалните избори на Косово и потврдиле дека ќе продлжат со интензивни подготовки со цел изборниот процес да помине без проблеми .