И Франција најави казни за одговорните за труењето во Сирија

Франсоа Оланд

Франција е спремна да ги казни одговорните за употребата на хемиско оружје во Сирија. Ова денеска пред француските амбасадори го изјави претседателот Франсоа Оланд.
Британскиот парламент во четвртокот пак ќе гласа можен одговор на наводниот напад со хемиско оружје врз цивилите во Сирија.
Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел во меѓувреме за Би Би Си изјави дека американските сили се подготвени да дејствуваат веднаш кога претседателот Барак Обама ќе нареди.
Сирискиот министер за надворешни работи, Валид Муалем во меѓувреме изјави дека Сирија ги отфрла обвинувањата дека користела хемиско оружје.
Русија предупреди на катастрофалните последици од било каква употреба на сила.