Денешната рунда разговори Тачи - Дачиќ без успех

Петнаесетата рунда дијалог меѓу Белград и Приштина заврши денеска без конкретен договор за главните прашања, изјави косовскиот премиер Хашим Тачи, по седум часа разговори со српскиот премиер, Ивица Дачиќ, во Брисел со посредство на високиот претставник на ЕУ Кетрин Ештон. "Ние дискутиравме како ноемвриските избори да бидат успешни и луѓето од сите заедници да учествуваат на нив", рече Тачи.
Запрашан за тоа дали на гласачките ливчиња ќе има косовски симболи кои се оспорувани од Србија, косовскиот премиер рече дека косовската влада нема да се меша во изборниот мандат на Комисијата.
Српскиот премиер Ивица Дачиќ претходно изјави дека србите ќе ги бојкотираат изборите ако на ливчињата се симболите на Косово.