Вашингтон и Лондон се готват за интервенција во Сирија

Британскиот парламент во четвртокот ќе гласа можен одговор на наводниот напад со хемиско оружје врз цивилите во Сирија.
Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел во меѓувреме за Би Би Си изјави дека американските сили се подготвени да дејствуваат веднаш кога претседателот Барак Обама ќе нареди. Велика Британија соопшти дека и нејзините вооружени сили готват планови за можна воена акција.
Сирискиот министер за надворешни работи, Валид Муалем во меѓувреме изјави дека Сирија ги отфрла обвинувањата дека користела хемиско оружје.
Русија предупреди на катастрофалните последици од било каква употреба на сила. Тимот на Обединетите нации во Сирија, поради безбедносни причини, ја одложи за еден ден втората посета на местото во предградието на Дамаск каде нападот бил извршен при што загинаа стотици луѓе.