Ќе се формира собраниска група за примена на извештајот 24/12

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за четврток во закажал координација со потпретседателите на законодавниот дом, како и со координаторите на пратеничките групи.
На состанокот треба да се основа работна група за примена на извештајот на Ад-хок Комисијата за инцидентите од 24 декември.
Примената на единаесете препораки, за кои постигнаа согласност и ВМРО-ДПМНЕ, и СДСМ, е обврска на Собранието на РМ.