Раст на индустриско производство во јули за 3,9 насто

Индустриското производство во јули годинава бележи пораст од 3,9 насто во однос на истиот месец минатата година, објави Државниот завод за статистика.
Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен бележи пораст од 3,3 проценти, во секторот Преработувачка индустрија 7,3 насто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи опаѓање од 15,5 проценти.
Индустриското производство во периодот јануари - јули 2013 година, во однос на овој период лани бележи пораст од периодот јануари од 2,2 насто