Белград се уште без одлука за контрамерки против Македонија

Државниот секретар во министерството за земјоделство на Србија Данило Голубовиќ денеска изјави дека се уште не била донесена одлука за српските мерки против Македонија поради нејзиното условување на увозот на пченица и брашно од Србија. „Се уште немаме донесено одлука. Записникот му е предаден на министерот и се очекува по анализата со министерот за трговија проблемот да биде изнесен на седница на српската влада која треба да ги донесе мерките“, изјави тој за агенцијата Бета, наведувајќи дека воведувањето контрамерки е деликатен процес.