Груевски: Покажавме како се штитат државните интереси

„Покажавме како се штитат државните интереси во значајни моменти“, изјави денеска премиерот Никола Груевски одговорајќи на новинарско прашање во врска со потпишаниот извештај на Комисијата за настаните од 24 декември. Тој додаде дека Владата останува фокусирана врз реформите и врз проектите кои придонесуваат за подобар живот на граѓаните. Премиерот Груевски денеска присуствуваше на промоцијата на физичко-хемиска лабораторија во Националниот конзерваторски центар во Скопје.