Просечната нето плата во јуни 21.108 денари

Просечната исплатена нето плата по вработен во јуни изнесувала 21.108 денари и во однос на јуни лани е повисока за 2,2 насто, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред се, на порастот на просечната плата во секторите: транспорт и складирање, информации и комуникации и градежништво. Намалување на просечната месечна плата во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: рударство, снабдување со електрична енергија и објекти за сместување и сервисни дејности со храна. Во јуни годинава 2,3 проценти од вработените во Македонија не примиле плата. Исплатената просечна бруто плата во јуни изнесува 30.957 денари.