Иванов и Бесими очекуваат спроведување на препораките

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов на денешната средба со Борче Давитковски, претседателот во оставка на Комисијата за расветлување на собраниските настани на 24 декември го поздрави потпишувањето на извештајот и изрази очекување дека препораките ќе бидат доследно спроведени. Тој исто така, изразил жалење за изгубеното време и начинот на кој беше постигнат договорот за конечниот извештај. Од друга страна, претседателот Иванов го поздрави државничкото однесување, покажаната зрелост, разумност и направените отстапки, со цел да се заштитат државните интереси и интересите на граѓаните. Давитковски беше примен и од вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими.