Камерон: потребен е соодветен одговор против Сирија

Британскиот премиер Дејвид Камерон

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска оцени дека нападите со хемиско оружје во Сирија биле, како што изјави, „апсолутно одвратни“ и затоа е неопходна акција на меѓународната заедница. Камерон го прекина годишниот одмор и се врати во Лондон со цел, како што јавуваат британските медиуми, да реши дали да го свика парламентот на итна седница за ситуацијата во Сирија. „Секоја одлука што ќе биде донесена ќе биде стриктно во рамките на меѓународната заедница“, изјави Камерон.