Тројца номинирани за наградата Вацлав Хавел

Белорускиот активист за човекови права Алес Бјалјатски кој е во затвор, Грузиската асоцијација на млади адвокати и Кинеската мрежа за одбрана на правата се номинирани за годинешната награда за хуманитарната дејност што го носи името на поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел. Добитникот на наградата од 60 илјади евра што ја доделува Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе биде соопштен на 30 идниот месец.