Расте бројот на жртви во Ирак

Во серија напади во Ирак во последните два дена загинаа најмалку 46 лица, а повредени се десетици други. Најкрвавиот напад се случи во централниот дел на Бакуба, 65 километри североисточно од Багдад, кога автомобил-бомба експлодираше во близина на станбениот комплекс. Полицијата соопшти дека најмалку 11 лица загинаа, а 34 беа повредени.
На друго место, пет ирачки војници загинаа кога осомничени милитанти направиле заседа на возила та за превоз на војници од Багдад кои требало да се приклучат на нивните единици во Мосул. Сунитските муслимански бунтовници и соработниците на Ал-Каеда во оваа исламска држава ги засилија нападите во Ирак оваа година. Повеќе од 1.000 ирачани загинале во јули, што според Обединетите Нации е највисока месечна бројка на загинати од 2008 година.