Филе: Извештајот покажа дека конструктивни решенија се можни

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе го поздрави, како што вели, успешното завршување на работата на Комисијата за истрага чии извештај е донесен со консензус на сите членови од комисијата. Тој во писменото соопштение истакнува дека заклучокот донесен од Kомисијата укажува дека конструктивни решенија се можни со помош на политичка волја преку дијалог и компромис. Филе додава дека со нетрпение го очекува спроведувањето на следните чекори од препораките во извештајот, како и останатите работи од мартовскиот договор. Постигнатиот договор на Комисијата помага во решавањето на внатрешно политичките проблеми, но исто така, покажува дека интеграцијата во ЕУ продолжува да биде приоритет за сите политички партии во земјата, а овој најнов развој на настаните ќе се одрази и во претстојниот Извештај за напредокот на земјата, покрај другото е наведено во писмената изјава на Филе.