Палестинците ја откажаа рундата разговори со Израел

Според медиумските извештаи, палестинското раководство ја откажала рундата мировни разговори со Израел закажана за следната недела. До ова доаѓа откако израелските сили денеска убиле 3 палестинци и раниле десетици во бегалскиот камп Каландија северно од Ерусалим.
Тие биле во потрага по милитанти и според палестнски извори користеле боева муниција. Портпаролот на израелската полиција Мики Розенфелд изјави дека околу 1.500 палестинци ги нападнале израелските безбедносни сили со камења и молотови коктели. Розенфелд изјави тројца припадници на безбедносните сили биле повредени. Тој не го потврди користењето боева муниција како што тврдеа палестиците и изјави дека инцидентот е под истрага.