Поранешниот шеф на ММФ во Македонија, сега во Грција

Вес Мекгру

Американецот Вес Мекгру ќе биде новиот претставник на ММФ во Грција. Тој од септември ќе го замени Холанѓанецот Боб Тра, јави МИА од Атина.
Мекгру пораснал во Солун, а неговиот татко Вилијам Мекгру бил претседател на колеџот Анатолија цели 25 години.
Коментарите во Грција се дека изборот на Мекгру е „мудар чекор затоа што на него се гледа како на пријателски настроен кон Грција и се очекува да ги избрише негативните впечатоци што Боб Тра ги остави во Атина“.