Карзаи побара од Пакистан да го помогне мировниот процес

Авганистанскиот претседател, Хамид Карзаи денеска во Исламабад од новиот пакистански премиер, Наваз Шариф побара да креира можности за мировни разговори со талибанците.
Најважното прашање беше како да се бориме протов тероризмот и да напредува мировниот процес.
Се очекуваше Карзаи да побара од Исламабад да ги употреби своите влијанија и контакти со Талибанците за да ги донесе до мировни преговори во Кабул, како и да побара ослободување на талибанските команданти кои Пакистан ги држи но Кабул ги гледа како потенцијални партнери во преговорите.