Долгот на Грција надмина 321 милијарда евра

Државниот долг на Грција во првите шест месеци од оваa година достигна врeдност од над 321 милијарда евра и тој износ е поголем од долгот на земјата во 2009 година, пред избивањето на кризата, пишува весникот „Вима“, кој оценува дека растот на долгот е причина за загриженост.
Според весникот, долгот оваа година се зголемил за 16 милијади евра и е повисок за 18 милијарди евра од јуни 2012 година, кога изнесувал 303 милијарди.
Грчкото Министерство за финансии соопшти дека растот за 16 милијади евра во првите шест месеци од годината е привремен и се случува заради рекапитализацијата на банките.