Беќи: Албанија ги почитува другите држави и границите

Словенија - состанок на шефовите на балканските држави - архива

Целосно го почитуваме суверенитетот на другите држави и постоечките граници, а сите други идеи и расправи на темата за промени на границите ги сметаме за обични шпекулации, изјави албанскиот амбасадор во Црна Гора Тонин Беќи за иницијативата за создавање „природна Албанија“, која ќе ги обедини сите Албанци во голема држава.
Според Беќи, проектите приватни лица и групи немаат подршка од јавното мислење. Тој додаде дека стремежот на луѓето од Албанија и Албанците во регионот е европската интеграција.