Денеска треба да се потпише извештајот за 24/12

За денеска попладне, како јави МИА, е предвидено да се потпише конечниот извештај за собраниските инциденти од 24 декември.
ВМРО-ДПМНЕ, поради државните интереси, како што изјави синоќа лидерот Никола Груевски, донесе одлука да потпише извештај на ат хок Комисијата каков што сака СДСМ.
Денеска, најнапред шефот на кабинетот на премиерот Никола Груевски, Мартин Протуѓер, потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска и претседателот на ад хок комисијата Борче Давтиковски ќе требало да ги усогласат финесите околу извештајот односно уставните прекршувања за да подоцна членовите на комисијата Илија Димовски и Благородна Дулиќ од ВМРО ДПМНЕ и Љубомир Фрчковски и Рената Десковска Треневска од СДСМ стават параф на конечниот извештај околу инцидентите од 24 декември.