Серија напади во Ирак, десетици загинати и повредени

Во серијата напади кои се случија во текот на вчерашниот ден во Ирак загинале најмалку 46 лица, а повредени се уште десетици. Најкрвавиот напад се случи во централниот дел на Бакуба, на 65 километри североисточно од Багдад кога автомобил-бомба разнесе станбен комплекс. Пет ирачки војници загинаа пречекани од вооружени милитанти од заседа. Повеќе од 1000 Ирачани загинале во јули, што е највисока месечна бројка од 2008 година наваму, проценија ООН.