Сирија:се очекува експертите на ООН да ја започнат истрагата за хемиското оружје

Damascus August 23, 2013.

Експертите на ООН би требало денеска да ја започнат истрагата за наводната употреба на хемиско оружје во нападот на сириската војска во предградието на Дамаск, Гута, на 21 август. Претходно владата на Сирија и ООН се согласија за итно отпочнување на истрагата, додека Русија пак предупреди дека премногу рано се префрла вината за настаните. Договорот беше постигнат вчера откако високиот претставник на ООН за разоружување, Ангела Кејн го посети Дамаск. Опозициските активисти тврдат дека стотици цивили се убиени на 21 август во напад со хемиско оружје од страна на владините сили.