Сирија: Повици за што поскора акција на меѓународната заедница

Израелскиот претседател Шимон Перес, ја повика меѓународната заедница да „се ослободи“ од хемиското оружје во Сирија по наводниот напад со отровен гас во Дамаск во средата. Тоа е многу скапо и комплицирано , но уште поопасно е работите да останат какви што се, рече Перес во Ерусалим, по приемот на францускиот министер за надворешни работи, Лорен Фабиус додавајќи оти не може да верува дека се случило најнезамисливото воено злосторство-употреба на хемиско оружје за убивање жени и деца.
Своја изјава по повод настаните во Сирија, денеска имаше и францускиот претседател, Франсоа Оланд укажувајќи дека „низа докази„ укажуваат на тоа дека нападот во средата кај Дамаск бил „хемиски“ и дека за тоа е одговорен сирискиот режим.Оланд упати апел инспекторите на ООН да добијат пристап „без одложување и без ограничување на сите места“ на сите местра на кои се тврди дека имало напад со хемиско оружје.