Индија: уапсени сите петмина осомничени за силувањето во Мумбаи

Индиската полиција соопшти дека сите петмина осомничени за силување на фоторепортерката во Мумбаи се уапсени. Петтиот осомничен е најден во Њу Делхи откако полицијата претходно останатите четворица ги најде и уапси во Мумбаи. Лицата се осомничени дека во неколку наврати ја силувале 22-годишната жена додека нејзиниот машки придружник го врзале и тепале. Жената е хоспитализирана со повеќе повреди но како што се соопштува е во стабилна состојба. Доколку бидат осудени, обвинетите ќе се соочат со казна затвор од 20 години. Ваквата казна е предвидена со новото заострување на законите откако се случи силувањето на студентка во автобус во декември. Најновиот настан ја поттикна јавната дебата во Индија за безбедноста на индиската жена.