Тунис: илјадници демонстранти бараат оставка на владата

Илјадници граѓани демонстрираат во главниот град на Тунис барајќи оставка на исламистичката влада. Полицијата соопшти дека на саботните протести учествувале околу 10 000 луѓе. Опозициските лидери рекоа дека протестите биле замислени како еднонеделни протести против владејачката партија Енахда. Непријателството екскалира по убиството на политичар од опозицијата во јули. Тоа беше второ убиство на секуларистички политичар оваа година. Опозицискиот Нацинален ослободителен фронт ја обвинува владата за неуспех во однос на безбедноста и економијата. Тоа е истовремено и повик за нова техничка влада до новите избори во северноафриканската земја.