Тројца загинати во пад на хеликоптер кај Шетландските острови

Три лица загинале а едно се води како исчезнато во несреќата кај Шетландските острови при падот на хеликоптер кој превезувал работници од нафтената платформа во Северното море. Полицијата соопшти и дека 14 лица се спасени. Хеликоптерот Супер Пума Л2 кој летал за француската компанија Тотал, пренесувал 16 работници и двајца членови на екипажот. Премиерот на Шкотска, Алекс Салмон изјави дека сеуште е многу рано за да можат да се утврдат причините за несреќата и додал дека надлежните органи ја спроведуваат истрагата.